Камион влета во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, три лица загинаа

од Milan1
44 прегледи

Три лица загинаа, а осум се повредени во САД кога камион влета во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија властите. Од осумте повредени, тројца се во животна опасност, тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца со полесни повреди.

Несреќата се случила синоќа, кога камион со голема брзина поминал низ раскрсница, иако имал знак за стоп, и налетал во парк на Менхетен, соопшти полицијата.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс рече дека истражителите не веруваат дека инцидентот е терористички чин. Полицијата соопшти дека на возачот на камионот му било извршено тестирање на алкохол, што се верува дека придонело за несреќата.

Слични содржини