Беспилотни камиони веќе ќе можат да се движат рамноправно со останатите возила во американската држава Невада, откако тоа официјално беше дозволено од властите таму, пренесе АФП.
Камионот робот е развој на компанијата “Дајмлер” со седиште во германскиот град Штутгарт и се нарекува Frightliner Inspiration. Властите во Невада издале сертификати за два такви камиона, а нивното официјално претставување беше крај браната на час пат од Лас Вегас. Се очекува дебито по патиштата во Невада да не е порано од 2025 година. Овие машини трошат 5% помалку гориво од обичните камиони. Од “Дајмлер” чекаат сартификат за роботите и во Германија, каде што во јули 2014-та одржаа тест на празен автопат.