Кампос го барал Мендеш за Роналдо

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо сепак може да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, објави новинарот Педро Алмеида на својот Твитер профил.

Според изворот, советникот на францускиот фудбалски клуб Луис Кампос е во преговори со агентот на Роналдо Жорге Мендеш за можен трансфер.

Претходно се дозна дека Роналдо нема да лета со тимот на претсезонска турнеја во Тајланд. Покрај тоа, португалскиот напаѓач пропушти неколку тренинзи со Манчестер Јунајтед.

Челси е другиот сериозен кандидат за Кристијано.

Роналдо е во Манчестер Јунајтед од 2021 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Минатата сезона забележа 38 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и три асистенции.