205
Контроверзниот рапер Канје Вест беше мета на критики за неговото однесување во последните месеци, а сега повторно бурно реагираше.
Додека одел на кошаркарскиот натпревар на својата ќерка Норт во Лос Анџелес, тој го запрел возилото, излегол и отишол до прозорецот од автомобилот зад него.
Внатре имало жена која го снимала Канје со својот мобилен телефон, за која се испоставило дека е фотограф.
Ова очигледно го налутило Канје, па ѝ го грабнал телефонот од раката на жената и го скршил на земја.
Таа веднаш го пријавила случајот во полиција.
Новата сопруга на раперот Бјанка цело време била на совозачкото место.
Ова не е прв пат Канје Вест да ги нападне папараците, а два пати и ги претепа.