Канадската влада соопшти дека извинувањето на папата Франциск за улогата на црквата во злоупотребата на домородните деца во католичките интернати не е доволно. Официјалната реакција на владата дојде кога, како дел од посетата на Канада, папата пристигна во Квебек Сити на средби со премиерот Џастин Трудо и генералниот гувернер Мери Сајмон.
Повеќе од 150.000 деца во Канада биле принудени да посетуваат христијански училишта финансирани од државата од 19 век до 1970-тите. Целта беше да се изолираат овие деца од влијанието на нивните семејства и култура, односно нивна асимилација.
На почетокот на својата посета во понеделникот, папата Франциск побара „прошка за направеното зло“ на домородното население во Канада, особено во црковните интернати за домородните деца, и изрази жалење што некои членови на црквата „соработуваат „ со политичарите во „културна деструкција“.
„Многу сум погоден, барам прошка“, им рече папата на илјадници домородни луѓе во Максвацис, во западна Канада.