Канада ја одобри вакцината Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години

од Берта Китинска
173 прегледи

Канада стана прва земја на светот која ја одобри ковид вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години.

Главниот медицински советник Суприја Шарма ја потврди одлуката за возраст од 12 до 15 години и рече дека тоа ќе им помогне на децата да се вратат во нормален живот, пренесува Анадолија.

Администрацијата за храна и лекови на САД, исто така, се очекува да ја одобри вакцината за млади Фајзер следната недела.

Најавата доаѓа еден месец откако Фајзер објави дека нивната вакцина обезбедува заштита од коронавирус кај помладата популација.

На крајот на март, Фајзер ги објави прелиминарните резултати од студијата спроведена на 2.260 американски волонтери на возраст од 12 до 15 години, што покажува дека немало случаи на КОВИД-19 кај целосно вакцинирани адолесценти.

Слични содржини