190
Летечкиот објект што беше соборен од американски воен авион Ф-16 над езерото Хјурон во неделата сè уште не е пронајден, изјави претставник на Кралската канадска коњичка полиција (RCMP). Не ми е познато дека сме ги лоцирале остатоците од објектот на езерото Хјурон, изјави на брифингот в.д. Заменик-комесарот на RCMP, Шон Мекгилис.
Тој изјави дека потрагата е во тек и е во многу рана фаза, пренесе Ројтерс.
САД соборија уште еден неидентификуван летечки објект над езерото Хјурон во близина на канадската граница во неделата, четврти ваков инцидент овој месец, објави претходно Би-Би-Си.
Вашингтон е во состојба на висока готовност откако неговата војска уништи осомничен кинески шпионски балон на 4 февруари.