Канада плаќа речиси три милијарди долари поради злоупотреба на домородните народи

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Канада плаќа 2,9 милијарди долари како компензација за загубата на домородните јазици и култури предизвикани од нејзиниот шкотски систем, објави Би-Би-Си.

Во 2012 година, 325 членови на Првите нации, што е колективно име за припадниците на домородните народи на тлото на денешна Канада, поднесоа тужба за злоупотреба на домородните Канаѓани, што резултирало со губење на јазикот и културата.

Околу 150.000 деца од првите нации, Метис и Инуити, биле земени од нивните семејства за да посетуваат задолжителни државни интернати од 19 век до 1970-тите, при што многу деца страдале од физичка, емоционална и сексуална злоупотреба, пишува британскиот јавен сервис.

Слични содржини