Канада подготвена да ја врати турбината за „Северен тек“ на Русија?

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Канада е подготвена да ја испорача турбината за гасоводот „Северен тек“, која беше на ремонт во Канада во компанијата „Сименс енерџи“, но не беше испорачан поради санкциите кон Русија.

Ова го тврди агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на извори кои учествувале во преговорите.

Русија во последните неколку недели ја намали испораката на гас за Западна Европа, тврдејќи дека тоа се должи на неиспорачаните делови.

Според „Ројтерс“, кој исто така се повикува на Министерството за енергетика на Украина, Канада се согласила да ја испорача турбината на „Гаспром“.

Германската влада се залагаше за испорака на турбината, нагласувајќи дека на руската влада не треба да ѝ се дава причина да го намали снабдувањето со гас во Европа со изговор дека турбината се ремонтира.

Канцеларот Олаф Шолц рече дека Москва користи техничка причина за политички одлуки.

Доколку турбината би била испорачана, смета Берлин, Москва повеќе нема да може да се осврнува на технички проблеми.

Украинската влада се противи на испораката на турбината и истакнува дека е во спротивност на санкциите.

Слични содржини