Најмалку пет лица се убиени во училиште во канадскиот град Ла Лок, во провинцијата Саскечуан. Локалните медиуми пренесуваат дека идентитетот на убиените се уште не е познат, но напаѓачот бил уапсен.
Две лица се наоѓаат во критична состојба, јавува Ројтерс.
Канадскиот премиер Џастин Тридо потврди дека едно лице е приведено под сомневање дека учесник во нападот.
-Ова е очигледно ноќен кошмар за сите родители, вели Тридо.
https://twitter.com/MarkDayNews/status/690652513113108481/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw
BBC јавува дека во ова училиште учат околу 900 деца на возраст до 12 години.
– Луѓето врескаа, додека во околината одекнувале куршуми. Мислам дека слушнав шест или седум истрели пред да излезам од училиштето, вели еден десетгодишен ученик.
https://twitter.com/Breaking911/status/690654469189734400/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw
Директорот на училиштето се јавил во локалната полиција и пријавил дека има пукање, а полицајците веднаш пристигнале на терен. локалните медиуми пишуваат дека не е позната причината за нападот. Неколку повредени се пренесени во најблиската болница.
Масовното пукање е ретка појава во Канада, бидејќи таму има строги закони за поседување оружје.