Канада со нови санкции против повеќе руски компании и физички лица

од Radmila Tasevska
262 прегледи

Канада воведе санкции против четири физички и 29 правни лица од Русија, изјави денеска премиерит Џастин Трудо.

-Канада денеска објавува дополнителни санкции спрема четири физички лица и 29 структури од воениот, индустрискиот, финансискиот и атомскиот сектор на Русија, изјави тој.

Додаде дека мерките се преземаат за да ја натерат Русија да ја напушти територијата на Украина.

Под санкции се ставени банките „Уралсиб“, „Зенит“, „Росбанк“, како и компанијата Северстал, Институтот Курчатовски и други структури.

Лицата под санкции се директори на компании што соработуваат со воениот сектор на Русија, како и лице кое е обвиното за уривањето на патничкиот авион МH17 над источна Украина во 2014 година.

Слични содржини