Канада вети дополнителна воена помош за Украина

од Radmila Tasevska
278 прегледи

Канада ќе обезбеди дополнителна воена помош од 480 милиони американски долари за Украина во следните три години, изјави денеска премиерот Џастин Трудо пред канадскиот парламент, за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трудо најави дека како дел од оваа помош, Канада ќе и испорача уште тенкови Леопард 2 на Украина.

Дополнително, во Украина во текот на три години ќе бидат испорачани 50 оклопни возила, вклучително и возила за медицинска евакуација, што ќе ги прават канадски работници во Онтарио.

Зеленски во обраќањето пред пратениците ја повика Канада да остане покрај неговата земја до победа.

Ова е прва посета на Зеленски на Канада откако Русија ја почна својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Тој претходно говореше во канадскиот парламент преку видео-врска, но тоа беше на почетокот на војната.

Слични содржини