Канадска лотарија повторно раздава милиони

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Седум милиони долари раздели канадската лотарија за добитник на 6 од 49.4587379

Непознатн среќник освои 7 милиони канадски долари (4,55 милиони евра) во популарната национална лотарија “6 од 49”, соопштија од “Атлантик лотари” (Atlantic Lottery), цитирана од агенциите.

Ливчето е поднесено во Онтарио. Претходната добивка во оваа игра беше на жител на Квебек, кој доби 23,4 милиони канадски долари на 2 јануари годинава.

Во октомври 2015 година исто лотото го регистрираше најголемиот џекпот во историјата – 64 милиони канадски долари.