Канадскиот парламент ги оцени злосторствата во Украина како геноцид

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Пратениците на долниот дом на канадскиот парламент усвоија текст со кој се осудуваат руските „акти на геноцид врз украинскиот народ“ и оценија дека има „јасни и обилни докази за воени злосторства и систематски и масовни злосторства против човештвото“.

„Долниот дом на парламентот усвои текст за акти на геноцид врз украинскиот народ“, се вели во соопштението на канадскиот парламент на Твитер во средата навечер.

Текстот, поднесен на иницијатива на пратеничката на левичарската Нова демократска партија Хедер Мекферсон, беше усвоен едногласно.

Во документот се наведува дека „постојат јасни и изобилни докази за систематски и масовни воени злосторства и злосторства против човештвото извршени врз народот на Украина од страна на руските вооружени сили, под водство на претседателот Владимир Путин“.

Овие злосторства вклучуваат тортура, „масовни злосторства на украински територии, присилно префрлање на украински деца на руска територија“, како и случаи на „физичко и психичко насилство и силување“.

Со усвојувањето на текстот, Долниот дом на парламентот оцени дека „Русија врши акти на геноцид врз украинскиот народ“.

Во средината на април, канадскиот премиер Џастин Трудо го употреби терминот „геноцид“ за прв пат по американскиот претседател Џозеф Бајден.

Кремљ смета дека терминот е неприфатлив.

Слични содржини