Маж скокнал врз поларна мечка на крајниот север на Канада за да ја заштити својата сопруга од напад, соопшти тамошната полиција.
Неименуваниот маж се здобил со сериозни повреди, но се очекува да се опорави, соопшти полициската управа.
Двојката во вторникот околу пет часот излегла од куќата за да ги најде своите кучиња, кога мечката, која стоела на влезот од нивната куќа, ја нападнала жената.
Нападот се случи во Форт Северн Фрст Нејшн, дом на околу 400 луѓе, северно од Онтарио.
„Жената паднала на земја, додека нејзиниот сопруг скокнал врз животното за да го спречи нападот“, се вели во соопштението на канадската полиција. „Мечката потоа го нападна човекот, кој се здоби со сериозни повреди на рацете и нозете кои не се опасни по живот“, се додава.
Според тамошните медиуми, набрзо дошол соседот со пушка и неколкупати ја застрелал мечката. Потоа животното се повлекло во шумата каде починало од повредите.
Полицијата соопшти дека „продолжуваат да патролираат во областа за да се осигураат дека нема мечки кои талкаат низ населбата“.
Алиса Меккол, научничка од непрофитната организација „Polar Bear International“ изјавила за канадската радиодифузна корпорација (CBC) дека поларните мечки ретко напаѓаат луѓе.
„Ако се случи напад, тоа значи дека мечката е гладна, млада и не е во добра состојба“, рекла таа.
Вообичаено е мечките да се држат настрана од човечки населби и претпочитаат да бидат покрај морето и ловат фоки.
Климатските промени доведоа до пораст на температурите, пукање на мразот и затоа поларните мечки се принудени да бараат храна на копно.
„Ако ве нападне поларна мечка, дефинитивно не треба да се преправат дека сте мртви – тоа е мит“, изјавила таа за „.CBC“. „Борете се колку што можете подолго“.