Кандидатот за државен секретар на САД: Го осудувам апсењето на Навални, Москва треба да сноси трајни последици

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Кандидатот за функцијата на американски државен секретар, Ентони Блинкен на сослушувањето во Сенатот рече дека го осудува апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Русија и дека Москва треба да сноси трајни последици од тие настани, но дека се уште не разговарал со новоизбраниот претседател Џо Бајден за какви конкретни последици ќе стане збор.

„Обидот да се задуши тој глас со гушење на Навални е она што го осудуваме“, рече Блинкен пред меѓународниот комитет на американскиот Сенат.

Блинкен додаде дека споменатата ситуација е „тема за претстојниот разговор“ и додаде дека Русија е ставена на високо место во програмата на идната администрација.

„Бајден јасно стави до знаење дека мора да има трајни последици за некои активности“, рече Блинкен на прашањето на сенаторите дали Русија треба да ги сноси „последиците“ од „украинската криза“ и ситуацијата околу Навални.

Покрај овие руски теми, Блинкен зборуваше и за случајот со Сергеј Магнитски. Тој прецизираше дека сè уште не разговарал со Бајден за конкретни настани на кои треба да се реагира.

Слични содржини