Канје снима албум за разводот, Ким го моли за почит

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан го шокираа светот пред неколку месеци кога почнаа да се шират гласини дека се разведуваат. Сега, конечната одлука е донесена – нивниот брак заврши.

Според „Мирор“, Канје сега се фрлил на работа, па го завршува својот долго најавуван десетти студиски албум. Фановите со нетрпение чекаат, а тој ги довршува стиховите во кои ќе биде опфатен разводот од неговата сопруга.

„Новиот албум на Канје ќе биде за распаѓањето на бракот со Ким. Тоа го пишуваше со месеци“, изјави извор близок на раперот за странски медиуми и додаде дека Кардашијан го замолила да го почитува нивното семејство во неговите песни.

Откако минатата недела се рашири веста за нивниот развод, извори блиски до парот за „Пејџ Сикс“ изјавија дека тие „се готови по шест години брак“ и дека нивниот развод е неизбежен.

„Ким го натера Канје да оди во Вајоминг за да можат да живеат одделно и мирно, и на крајот да се разведат“, наведува изворот.

Слични содржини