Канје Вест ги навреди Евреите, па Музејот на жртвите на холокаустот го повика на едукација

од Stefanija Kuzmanovska

Инстаграм во неделата избриша антисемитска објава на профилот на раперот Канје Вест, што предизвика бурни реакции кај корисниците на оваа социјална мрежа, меѓу кои и многу познати личности.

На Вест му беше ограничено да ја користи оваа социјална мрежа поради кршење на правилата, но тој сепак не сакаше да престане со негативните коментари.

Малку подоцна се огласи и на својот Твитер профил.

Да потсетиме, Американскиот еврејски комитет го прекори раперот минатиот петок поради објава на Инстаграм во која тој инсинуираше дека раперот Диди, чие вистинско име е Шон Комбс, е контролиран од Евреите.

Објавата на Вест се состоеше од видео клипови на кои тој разговара со Диди за контроверзните маици „White Lives Matter“ кои ги носеше на модната ревија во Париз.

После сето тоа, Канје Вест добил повик од Музејот на холокаустот во Лос Анџелес, кој му препорачал да се едуцира.

„Зборовите се важни и имаат последици. Ве покануваме да не посетите во Музејот на холокаустот во ЛА за да разберете како зборовите можат да предизвикаат ужасно насилство и геноцид“, се вели во соопштението на музејот.

„Холокаустот започна само со зборови кои за жал родија стереотипи, расни и религиозни, и со обвинување на другите, што доведе до убиство на шест милиони Евреи. Во Музејот на холокаустот, нашата мисија е да едуцираме за холокаустот и сите геноциди, вклучувајќи го и геноцидот извршен врз ерменскиот народ (во кој би биле вклучени и вашите деца), а со самото тоа да создадеме и похуман свет“.

Слични содржини