Канје Вест и неговата сопруга добија доживотна забрана за возење со брод во Венеција поради неморално однесување

од Stefanija Kuzmanovska
772 прегледи

На раперот Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори доживотно им е забрането да се возат на бродот во Венеција на кој тој неодамна го покажа задникот, пренесува „Дејли Мејл“.

Бродот им го изнајмила компанијата „Venezia Turismo Motoscafi“, која во соопштение наведува дека славниот пар повеќе не е добредојден на ниту еден од нивните бродови.

Исто така, оваа компанија се огради од скандалот, наведувајќи дека не знаеле за овој инцидент додека фотографиите не се појавиле на социјалните мрежи и во медиумите.

„Возачот морал да внимава на сообраќајот и не ги видел тие работи. Да ги видеше, веднаш ќе ги симнеше од бродот и ќе го пријавеше инцидентот кај надлежните“, велат оттаму.

Сепак, многумина веруваат дека казната е претерана, и дека Канје не го покажал намерно задникот, туку дека му паднале панталоните додека се наведнувал.

Слични содржини