Канје Вест и официјално кандидат за претседател на САД во Јута

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Раперот Канје Вест се квалификуваше за место на гласачкото ливче во Јута, САД на претседателските избори во ноември како независен кандидат.

Директорот на државните избори Џастин Ли потврди денеска дека Вест собрал 1.000 потписи на регистрирани гласачи потребни за место на гласачкото ливче.

Вест, кој го поддржуваше републиканскиот претседател Доналд Трамп, објави минатиот месец дека се разделил со Трамп и дека ќе започне своја претседателска кампања.

На 15 јули тој ја предал документацијата на Федералната изборна комисија.

Покрај Јута, Вест се кандидираше и во Арканзас, Оклахома и Колорадо.

Слични содржини