Канје Вест ја изневерил Ким Кардашијан со познат јутјубер? (ФОТО)

од Nikola Popovski
756 прегледи

Социјалната мрежа ТикТок шири бизарна теорија за тоа како Канје Вест ја изневерил сопругата Ким Кардашијан – со контроверзниот јутјубер Џефри Стар.

Според светските медиуми, оваа гласина дошла од корисник на „ТикТок“, кој се потпишува со името Ава Луиз, која инаку е позната по разни „провокативни“ објави, кои се шират на Интернет.

Еден корисник на социјалните мрежи всушност го прашал Џефри Стар што мисли за овие пикантерии, но тој само се насмеал и го поканил да дојде во Вајоминг, каде што се наоѓа во моментот.

Да потсетиме, Канје Вест моментално е во Вајоминг, на неговиот ранч.

Како одговор на веста, Луиз рече дека има озборувања за Вест со месеци, а разводот „не изненадува“ затоа што „Канје се поврзува со многу познат гуру за убавина – кој е роден како маж“.

„Многу луѓе од сцената знаат веќе некое време за нив“, рече Луиз во видеото. Особено и се допаднаа коментарите во кои се прашуваше дали станува збор за Џефри Стар, а во продолжение на „TikTok“ видеото, таа исто така тврди дека нејзиниот пријател, кој е адвокат на позната личност во Лас Вегас, ја запознал Ким за случајот пред неколку месеци и дека таа „добила докази“ за поврзаноста на Канје со Стар.

Слични содржини