Канје Вест (44) со месеци го одложува објавувањето на неговиот десетти студиски албум „Донда“. Контроверзниот рапер наводно живее на стадион во Атланта и таму работи на албумот.
Како дел од промоцијата на идниот албум на Кање, тој организира забави и концерти на стадионот. На последниот таков настан, раперот ја шокираше публиката кога се запали на сцената, пренесува Би-Би-Си.
⛽️#Donda pic.twitter.com/ifK1Tbr7iW
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021
Целиот во пламен, тој прошета низ простор што личеше на неговата семејна куќа каде што израсна и каде живееше неговата мајка Донда. Неговите вработени биле опремени со противпожарни апарати и навремено го запреле пожарот.
За време на последната песна на концертот „No Child Left Behind Behind“, на Канје на сцената му се придружила неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан (40). Облечена во бела венчаница, со превез преку лицето, отишла до раперот и наскоро светлата се изгаснале.
Раперот и ријалити sвездата се во брак шест години и се родители на четири деца. Тие ја започнаа бракоразводната парница во февруари оваа година, но останаа во добри односи, воспитувајќи ги децата и поддржувајќи се едни со други.
❤️ #Donda pic.twitter.com/BqEFUAaqe4
— Apple Music (@AppleMusic) August 27, 2021