Канје Вест среќен поради раскинувањето на Ким и Пит: „Многу добро се сложуваат“

од Stefanija Kuzmanovska
317 прегледи

Раперот Канје Вест, се чини, едвај ја дочека веста за раскинувањето на поранешната сопруга Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон.

Ким поднесе барање за развод од Канје минатата година, а по започнувањето на врската со Дејвидсон, Вест постојано се обидуваше да ја саботира нивната врска со јавно отфрлање на момчето на неговата поранешна сопруга. Сега, се чини, тој сака да ѝ каже на Ким да се откаже од разводот.

„Ова раскинување е поттик за Канје да се потруди повеќе и да ја врати Ким и да ја натера да се откаже од нивниот развод. Тој со месеци ѝ кажуваше дека таа и Пит не треба да бидат заедно. И покрај тоа што Канје не беше најголемиот фан на Пит, во последните недели тој се фокусираше на тоа да ѝ покаже на Ким дека тие се тесно семејство“, изјави извор за странските медиуми.

„Досега Ким едноставно се фокусираше на тоа Канје да биде најдобриот татко. Таа секогаш ќе го обожава Канје и ќе го цени како татко на нивните деца, но тој ќе мора да вложи големи напори за да ја врати назад. Тој не мисли дека тоа е невозможно. Многу добро се сложуваат во последните недели“, додал изворот.

Сепак, блиска пријателка на Ким Кардашијан изјавила дека таа нема намера да се врати со бившиот сопруг.

„Тешко дека ќе се премисли за разводот. Тие го решија прашањето за заедничко родителство и таа не сака да го уништи тоа. Ким чувствува дека го контролира својот живот повеќе од кога било досега. Немојте да се изненадите ако таа повторно се појави со помлад маж“, рече таа.

Да потсетиме, реалити ѕвездата и комичарот раскинаа по девет месеци врска. Тие официјално почнаа да се забавуваат во ноември минатата година.

Слични содржини