Канје Вест во војна со кланот Кардашијан

од Vladimir Zorba
451 прегледи

Холивуд во моментов е потресен од можеби еден од најголемите скандали во модерната поп-културна историја – Канје Вест влезе во спор со кланот Кардашијан!

Популарниот рапер на Твитер објави дека неговата сопруга Ким Кардашијан Вест се обидела, како штотој тврди, да го затвори со психијатар, по неговиот скандалозен предизборен митинг во Каролина, со кој ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори во САД.

Изворот вели дека Ким Кардашијан се заканила дека ќе се разведе од славниот рапер, доколку, како што вели изворот, тој не запре со политички ангажман. Она што ја разлутило Ким Кардашијан е исповедта на Канје на предизборниот митинг, за време на кој рече дека двајцата размислувале за Ким да абортира со нивната најстара ќерка Норт.

Тој прво објави неколку „скриншотови“ од кореспонденцијата со Ким Кардашијан, а потоа ги избриша. Во своите твитови, тој ја навреди и свекрвата, односно мајката на Ким Кардашијан – Крис Џенер. Тој изјави дека таа се здружила со неговата сопруга за да го прогласат за луд, а потоа тој објави и преписка со Крис Џенер, во која тој и забранил да ги гледа неговите деца.

„Ако ме затворат како Мандела, да знаете зошто“, напиша тој во еден од твитовите.

Тој исто така го коментираше и познатото секс видео што беше објавено во 2007 година, во кое Ким Кардашијан има врска со нејзиното тогашно момче.

„Би направил се за моите деца и се молев на Бога мајката на моето дете да не ја продава својата секс-снимка за да стане позната“, напиша тој.

Вест, кој ја објави својата кандидатура за претседател на САД на изборите на крајот на годината на 4 јули, помина еден час на сцената во Чарлстон, Јужна Каролина. Носеше панцир на телото и избричил „2020“ на главата. Кога зборуваше за расните проблеми, Вест стана видливо емотивен. „Најголемата расистичка изјава досега кажана е дека Канје Вест, ако се кандидира за претседател, ќе ги подели црните гласови“, рече тој.

Тој зборуваше на различни теми, вклучително и религија, неговите деловни планови, финансирање на училиштата и ја критикуваше Демократската партија, за која рече дека никогаш не им помогнала на Афроамериканците. Тој, исто така, се осврна на абортусот, изјавувајќи дека верува дека абортусот треба да биде легален, но дека секоја мајка која ќе одлучи да има дете, како што вели, треба да добие милион долари.

Американските медиуми објавија дека во некои земји веќе поминал рокот за Вест да се пријави за учество на изборите.

Слични содржини