Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке е уште еден играч на тимот, кој е под знак прашалник за претстојниот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, пренесе весникот „Марка“.
Тој утринава не тренираше со главната група на „јорганџиите“ поради одредена непријатност што го става под прашалник неговото учество против „црвените ѓаволи“.
Ова е уште една лоша вест за Диего Симеоне, откако за овој меч веќе ги загуби Матеус Куња, Даниел Вас, а казнет е Јаник Караско.
Тома Ломар, исто така, останува неизвесен за дуелот.