250
Ракетата „Antares“ што ја носеше комерцијалната товарна капсула „Cygnus“ успешно достави речиси 4.000 килограми товар до Меѓународната вселенска станица (МВС).
Товарот вклучува храна, опрема за истражување и резервни делови, пренесе Хина, повикувајќи се на ДПА.
Товарната капсула без екипаж, развиена и управувана од американската компанија Northrop Gruman, пристигна во четвртокот на МВС, објави НАСА.
„Cygnus“ беше лансиран од вселенско пристаниште во американската сојузна држава Вирџинија во вторникот и ќе остане на пристаништето на МВС до ноември.