Караџовски: Во последните 3 недели се случува бум во бројките на новодијагностицирани случаи

462 прегледи

Во рамки на денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р. Жарко Караџовски посочи како епидемиолошки се одвива сликата која моментално беснее во нашата земја.

„Комисијата функционира веќе една година и секогаш сме имале консензус, по што мерките биле предлагани до министерот Филипче. Ние досега имавме одлична соработка со Владата во однос на мерките. Бројките и вирусот ниту малку не наликуваат на оние во ноември. Во последните 3 недели се случува бум во бројките на новодијагностицирани случаи. Нам ни е проблем медицинскиот персонал. Здравствените работници се преморени, но се уште функционални иако не знаеме до кога. Ние и минатата недела ја анализиравме состојбата, но ние ги носиме одлуките ад хок. Во моментов најголем проблем ни е Битола, каде RO факторот е 1,48. Но, епидемиолошката состојба е нестабилна. Ние сакаме да ги спречиме последиците и да им помогнеме на здравствените работници“, истакна Караџовски.

Слични содржини