Каракачанов: Честитка за 8. Март со мапа во чии граници е и С.Македонија

419 прегледи

Во текот на вчерашниот ден, вицепремиерот на бугарската Влада и министер за одбрана, Красимир Каракачанов на специфичен начин одлучи да го честита 8. Март- Денот на жената.

Имено, покрај фотографијата на која се гледа мајка со дете, во позадина е мапата претставена на Санстефанска Бугарија, каде во границите влегува и нашата земја, С.Македонија.

Тој на фотографијата напиша:

„Традиции, семејство и чесност. Бугарија над се“.

На ова се надоврзаа низа негативни коментари, кои повторно сметаат дека ова е уште една во низата провокации на бугарскиот вицепремиер.

Слични содржини