Жената Водолија е чудна, вистинска мистерија . непредвидлива е и независна .Таа не сака другите луѓе да ѝ кажуваат што да прави. Во исто време – ако ви треба помош, дамите со овој знак се подготвени да ви помогнат во секој момент.
Тие исто така се добри и во давањето на правилни совети . Жената Водолија е загрижена за сите – за партнерот, за своето дете, за животните, дури и за своите колеги, за животната средина.
Таа умее да комуницира со различни луѓе, без разлика на нивната возраст или пак пол. Родените со овој Хороскопски знак го сакаат напредокот, но не им се допаѓаат промените во однос на личниот живот .Овој факт се објаснува со нивната лојалност и приврзаноста кон минатото и спомените.
Жената Водолија секогаш гледа со позитивизам кон иднината, но знае од каде започнало сè. Како што рековме, карактеристиката на Водолијата е дека е исклучително лојална. И не станува збор, сепак, само за луѓето околу нив. Дамата Водолија може да стане многу лојална и кон одреден бренд, ресторан или пак музичар.
Жената Водолија и пријателството:
Таа е пријател со сите, обично нема проблем со комуникацијата. Тоа во никој случај не значи дека родените под овој Хороскопски знак дозволуваат некој лесно до себе – всушност токму спротивното. Водолиите често се резервирани кон луѓето и всушност нивниот пријателски круг е многу помал отколку бројот на познаниците. Како што веќе стана јасно жената Водолија е секогаш подготвена да ви помогне и да ве посоветува. Поради својата лојалност, таа одржува долготрајни пријателски односи.
Жената Водолија и кариерата:
Тоа е исклучително идејна. Става под прашање сè и е како генератор за нови креативни цели. Ова сепак не значи дека жената Водолија секогаш сака самата да ги реализира своите идеи. Обично родените со овој знак се добри лидери, инспиративни колеги и вредни службеници. Тие сепак не се многу погодни за предвидливи работни денови од 09:00 до 18:00 часот.
Жената Водолија и парите:
Таа е независна,з атоа таа сама презема целосна одговорност за сопствената финансиска стабилност. Оваа дама размислува за иднината и поради неа е подготвена да прифати одреден ризик во однос на инвестициите. За разлика од поголемиот дел од луѓето, ако има пари, таа нема само да ги штеди и / или да ги троши, туку би му ги дала на некој кој има потреба од финансиска помош. Во случај да жената Водолија заработува многу пари, подобро е таа да вработи сметководител кој ќе управува со парите.
Жената Водолија и семејството:
Таа е љубовен родител, иако понекогаш може да изгледа оддалечена од своите деца.Сепак на моменти Водолиите сакаат да си обезбедат од оние моменти кога човек има потреба да остане сам со себе. Ова може да им биде само во корист на наследниците, бидејќи на тој начин тие полесно ја развиваат својата индивидуалност. Жената Водолија исто така се обидува да ги разбере своите деца, па ги одгледува со внимание и почит.