664
Десерт кој се топи во устата.
СОСТОЈКИ:
– 1 кора од обланда
Прв фил:
-110 г шеќер
– 200 мл вода
– 155 г мелени бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Карамелизирајте го шеќерот па додајте ја водата и бисквитите. Измешајте да добиете хомогена смеса и премачкајте по кората од обланда
Втор фил:
– 105 маргарин
– 5 лажици вода
– 105 г шеќер
– 95 г млеко во прав
– 4 лажици кокос
– 50 г бело чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Стопете го маргаринот на тивко, додјате ја водата, измешајте додека се стопи шеќерот. Додајте му го млекото во прав помешано со кокос, измешајте и додајте го стопеното чоколадо, па рамномерно рапоредете по првиот фил и завиткајте во ролат.