Каранфилова-Пановска: Треба да заборавиме на ароганцијата

од Milan1
27 прегледи

„На ароганцијата треба сите да заборавиме, тоа не смее да се дозволи. Голем дел од поразот на последните избори лежи во тој дел, каде што луѓето не се чувствувале слушнати, вклучени, не се чувствувале испочитувани“ рече заменик-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска во емисијата „Клик-плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека таа ќе го вложи целиот нејзин капацитет за СДСМ да остане отворена за сите членови, поддржувачи и симпатизери, па дури и за оние кои не се среќни или задоволни во моментов.

Каранфилова-Пановска истакна дека пратениците и пратеничката група на СДСМ ќе бидат главната ударна тупаница на партијата во моментов, бидејќи тоа се луѓе со огромно знаење и искуство.

„Најголем дел од нив биле министри во претходниот мандат. Нема никој друг што подобро од нив ги разбира и знае ресорите во кои делувале. Ја имаат собраниската говорница и микрофонот како оружје и се подготвени да бидат гласот на СДСМ“ рече Каранфилова-Пановска.

Слични содржини