Кардашијан ќе прави Божиќна забава, сите треба да се тестираат

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Семејството Кардашијан и оваа година традиционално организира Божиќна прослава, а оваа година организацијата падна во рацете на Клои Кардашијан.

Сепак, нејзините следбеници се лути поради организирањето на голема прослава за време на пандемијата на коронавирус, а Клои ги уверува сите дека ќе се придржува до епидемиолошките мерки.

„Мислам дека прославата ќе биде многу помала, тоа е во ред со мене. Но, ние дефинитивно ќе го славиме Божиќ. Сè ќе биде безбедно, и пред забавата, ќе направиме брзи тестови за коронавирус“, рече таа на Инстаграм.

Божиќната прослава минатата година ја организираше нејзината сестра Ким Кардашијан.

Слични содржини