Кари, Ембид или Јокиќ: Кој ќе биде МВП?

од Vladimir Zorba

Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Стеф Кари се кандидати за МВП наградата од лигашкиот дел од НБА лигата, тоа беше потврдено ноќта помеѓу четврток и петок.

Јокиќ во дресот на Денвер имаше просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции. Србинот е единствениот кандидат за наградата МВП кој одигра 72 натпревари. Во претходните месеци се зборуваше за кошаркарот на Нагетс како главен кандидат за титулата најкорисен играч во лигата.

Ембид имаше просек од 28,5 поени, 10,6 скока и 2,8 асистенции за Филаделфија. Кари имаше просек од 32 поени, 5,5 скока и 5,8 асистенции за Голден Стејт.

За Дебитант на годината се натпреваруваат Ламело Бол (Шарлот), Ентони Едвардс (Минесота) и Тајрес Халибартон (Сакраменто).

Номинирани за најдобар дефанзивец се Руди Гобер (Јута), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Бен Симонс (Филаделфија).

Кандидати за титулата Играч со најголем напредок се Џереми Грант (Детроит), Мајкл Портер (Денвер), Џулиус Рендал (Њујорк Никс).

Џордан Кларксон (Јута), Џо Инглс (Јута) и Дерик Роуз (Њујорк Никс) се во „финалето“ на изборот за Најдобар шести играч.

За најдобар тренер беа номинирани Квин Снајдер (Јута), Том Тибодо (Њујорк Никс), Монти Вилијамс (Феникс).

Слични содржини