Карл Билд: Трамп подиве

од Milan1
1,6K прегледи

Карл Билд, поранешен шведски премиер и долгогодишен дипломат, го коментираше остриот напад врз украинскиот претседател Володимир Зеленски од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп денеска го нарече Зеленски „диктатор“, обвинувајќи го дека „одбил да одржи избори“ во Украина.

„Претседателот Трамп подиве. Неговиот жесток напад врз Володимир Зеленски и Украина е целосно путиновски. Што ќе се случи со американската политика после ова, никој не знае. Се е можно. Сега ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Турција мора да ја засилат поддршката за Украина, но и да започнат разговори за тоа како да се намали ризикот во односите со САД“, напиша Билд.

Кој е Карл Билд?

Карл Билд е поранешен шведски премиер и долгогодишен политичар, познат по својата улога во меѓународните односи, особено за време на распадот на поранешна Југославија. Тој беше висок претставник на Европската унија за Босна и Херцеговина од 1995 до 1997 година, кога одигра клучна улога во спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.

Покрај тоа, тој беше и министер за надворешни работи на Шведска и се здоби со репутација на промотор на европските интеграции и по големиот меѓународен ангажман во кризните подрачја.

Слични содржини