Карл Лагерфелд го создаде најскапото палто од 1 милион евра

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Дизајнерот Карл Лагерфелд, кој со години е на чело на модните куќи “Шанел” и “Фенди”, знае како да создаде облека со етикета “луксуз”.299841_20140903_5407948e0b4d9_591w

Сега творецот го покажа на светот најскапото крзнено палто. Своето деби го имаше на модни ревии со есенската колекција на брендот “Фенди” за 2015 година. За создавањето на луксузното палто е користена кожата од 36 бизона. Таа е подложена на посебен третман, така што изгледа како “покриена од месечината”.tumblr_inline_nrtyatFkdc1tt793t_500

Делото на Карл Лагерфелд е критикувано од организацијата за заштита на животните PETA кои ја дефинираа облеката како “висок ужас”, парафразирајќи го поимот “високата мода”.