Карлеуша го слави својот 43-ти роденден: Со видео од своето детство ги разнежни фановите

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Јелена Карлеуша денеска го слави својот 43 -ти роденден, а во оваа прилика објави видео од своето детство на Инстаграм со емотивна порака.

Речиси 200.000 луѓе го погледнале видеото на Јелена Карлеуша како девојче за еден час, а во описот, меѓу другото, таа им се заблагодари на сите што ѝ честитаа.

„Денес ми е роденден. Ви благодарам на сите за прекрасните честитки и желби, за љубовта, поддршката и мотивацијата! Тоа значи дека во оваа ѕверка и понатаму живее дете кое знае како да се радува на роденденот. Да продолжиме понатаму, уште една година со јасен план како да го освојам целиот свет и да ги остварам сите мои соништа! Ги затворам очите и ги дувам свеќите пред мене, цврсто верувајќи во годините што доаѓаат“, напиша пејачката.

Слични содржини