Поп-sвездата Јелена Карлеуша (42) се појави на снимањето на шоуто „Звездите на Гранд“ во одлична комбинација, а сите коментираат дека изгледа исто како суперхеројката Харли Квин.
Карлеуша носеше длабоки чизми од латекс, минијатурно розово здолниште и горен дел, еден дел од косата и бил пуштен до грбот, а другиот дел го врзала во две високи кики.
Имала очила за сонце на лицето, а целата комбинација ја зачинила со еден детал – ремени околу стомакот. Иако сме навикнати на нејзините провокативни изданија, се чини дека Јелена никогаш не изгледала порелаксирано, но истовремено и стилски и секси.
Стајлингот на пејачката воодушеви многумина, а таа изгледала моќно како хероините од јапонските цртани филмови и сега култната Карли Хвин од филмот со Џокер и Бетмен.
Карлеуша добила бројни комплименти, а исто како суперхеројка, се чини дека ги покажа своите „тајни моќи“, дека од ден на ден има неисцрпен извор на идеи кога станува збор за стајлингот, како и моќта на трансформацијата – од спортски , елегантен, до нереални изгледи