Карлеуша на вакцинацијата го поддржа законот за истополови партнерства (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, која во четвртокот наутро беше вакцинирана против коронавирус во ТЦ Ушче, испрати уште една важна порака – поддршка за законот за истополови заедници.

Карлеуша носеше беџ во боја на виножито на кое пишуваше „Љубовта е закон“ – слоганот на ЛГБТ здружението во Србија, создаден по размислувањето за усвојување на законот за истополови партнерства.

Карлеуша сподели фотографии од беџот на својот Инстаграм.

„Отсекогаш сум била со вас и за вас 26 години од моето јавно постоење. Со чисто срце и од најдобрата човечка намера“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

Поп-sвездата е позната со години како една од најголемите геј икони во Србија и регионот.

Во 2017 година таа беше и кума на Белградската парада на гордоста.

Слични содржини