393
Поп-sвездата Јелена Карлеуша многу се забавуваше на вчерашното снимање на шоуто „Звезда Гранда“, бидејќи покрај стандардните членови на жирито, друштво ѝ правеше и змија.
Имено, за време на снимањето на музичкиот натпревар во студиото на Гранд, една змија вчера била главна атракција.
За да направи добар сет фотографии, Карлеуша, иако сериозно се плашеше од змијата, сепак се согласи да ја стави околу вратот и да позира со питонот.
„Дали сигурно нема да ме гризне. Леле ќе ме гризне“, велеше Карлеуша додека маж ја обвиваше змијата околу нејзиното тело, а папараците фотографираа.
Таа подоцна објави фотографија и видео со животното.