Карлеуша се огласи по повод пресудата на Младиќ: Кратко и јасно

од Stefanija Kuzmanovska
406 прегледи

Поранешниот воен генерал на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, беше осуден за геноцид во Сребреница и осуден на доживотен затвор.

По овој повод, со една реченица се огласи пејачката Јелена Карлеуша на социјалните мрежи.

„Пресудата за еден воен злосторник не е пресуда за еден народ“, напиша Јелена на Инстаграм стори.

Конечната пресуда против Ратко Младиќ беше донесена во вторникот, на 8 јуни 2021 година.

Исто така, по повод изрекувањето на пресудата, Вељко Ражнатовиќ го објави следново:

„Денес, не се пишува пресуда на Ратко Младиќ, се пишува на целиот српски народ, имајте го тоа на ум“, напиша тој.

 

Слични содржини