Карлеуша: Цеца е мој фан, нека се посвети на внуците и плетењето

од Vladimir Zorba

Поп-sвездата Јелена Карлеуша на Инстаграм напиша дека нејзиниот „лут ривал“, фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, всушност е нејзин обожавател. Причина за тоа беше веста објавена од српските медиуми, во која се наведува дека Цеца помага на дисквалификуваната натпреварувачка на Звезда Гранда, Вања Кнежевиќ, да сними песна.

„Светлана Ражнатовиќ е мој обожавател. Жал ми е што оваа девојка не би ја интересирала ако не би имала врска со мене и дека мотивот за помош и е најлош можен, а тоа е омразата кон мене. Страшно и непријатно. Мислев дека Ражнатовиќ, по бруката, кога пееше на спортистот во кафулето на роденденот, малку се освести, затоа што ги згади сите со тој гест, но продолжи да ги повикува новинарите на судења со мене за да добие малку медиумски простор, бидејќи веќе долго време ја нема на картата“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

„Мој совет е да се посвети на внуците и плетењето. Не сум виновна што помина нејзиното, и ти благодарам, конечно!“, заклучи Карлеуша.

Дисквалификуваната натпреварувачка на Звезде Гранда, Вања Кнежевиќ, го привлече вниманието на јавноста по јавните расправии со Карлеуша. Според Кнежевиќ, Карлеуша ја навредувала во шоуто, а потоа ги споделила коментарите на луѓето на на нејзиниот Инстаграм кои ја поддржувале, но кои и ја навредувале Јелена.

Затоа беше елиминирана од конкуренцијата.

Домашните медиуми објавија вест во која се вели дека Светлана Цеца Ражнатовиќ „и помага на Вања да сними песна“.

Слични содржини