Карлеуша во војна со Кардашијан: „Ми го украде дизајнот! Барем да ме потпишеше!“ (ФОТО)

од Nikola Popovski
409 прегледи

Српската пејачка Јелена Карлеуша ја обвини Ким Кардашијан на Инстаграм дека ја копира. Имено, таа тврди дека дизајнерот го копирала нејзиниот дизајн за комбинезон што сама го дизајнирала, а Ким неодамна објави фотографија во многу сличен комбинезон, само во различна боја.

Карлеуша го менуваше својот пост неколку пати. Во првата верзија, таа ја именуваше Ким лично.

Добро, ова едноставно не е фер. Ова е мојот личен дизајн. Барем потпиши ме или прашај ме за соработка“, напиша таа.

 

Подоцна Карлеуша објави фотографии на кои го носи истиот комбинезон, но во сина боја, на настан на 16 октомври.

„ОК, ќе го обвинам дизајнерот. Но, барем потпиши ме. Да, често лично ја дизајнирам облеката за своите настапи. Многу светски познати фаци и дизајнери буквално го крадат тоа што ќе го креирам без никаква дозвола“, напиша Јелена покрај фотката од себе и Ким во речиси истиот комбинезон, а на својата фотка стави и датум – 15 октомври 2020.

Карлеуша во меѓувреме додаде коментар во својата објава.

„Ок, ова едноставно не е фер. Ова е мој сопствен дизајн. Знаеш дека те сакам…но дај ми барем некоја заслуга или прашај ме да работам со тебе. П.С Многупати лично ја дизајнирам облеката за своите настапи“, напиша Карлеуша и ја означи Ким Кардашијан.

Слични содржини