Пејачката Јелена Карлеуша реагираше на својот Инстаграм профил во врска со пресудата против поранешниот командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ.
Младиќ вчера беше осуден на доживотен затвор во Хаг за геноцид и злосторства против човештвото против несрпското население за време на војната во БиХ.
„Пресудата против еден воен злосторник не е пресуда за една нација“, напишала кратко Карлеуша на своето „стори“ на Инстаграм, со што ја поздрави одлуката на Хашкиот трибунал.
Апелациониот совет на механизмот за кривични судови во Хаг вчера ја потврди доживотната казна затвор за поранешниот врховен командант на Армијата на Република Српска, генералот Ратко Младиќ.