Карневалот во Рио одложен за април

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Иако беше најавен за последната недела во февруари, популарниот карневал во Рио де Жанеиро е одложен за крајот на април поради влошената епидемиолошка состојба во екот на пандемијата Ковид-19 во Бразил.

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Паес и неговиот колега од Сао Паоло, Рикардо Нунес одржаа состанок на кој разговараа за актуелната епидемиолошка ситуација пред традиционалниот карневал.

Во изјавата по средбата, Паес рече дека почетокот на карневалските поворки е одложен за 21-ви април. Локалните медиуми јавуваат дека ваквата одлука е донесена поради зголемениот број на новозаразени со коронавирус во Бразил.

Карневалот во Рио се одржува секоја година од 1929 година. Шарени и весели поворки на улиците на овој бразилски град традиционално се одржуваат 40 дена пред Велигден.

Слични содржини