Каролина Гочева се прости Пројковска: „Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам…“

од Vladimir Zorba
290 прегледи

По трагедијата што се случи синоќа во Кочани, бројни познати личности се простија од загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Една од нив беше македонската пејачка Каролина Гочева, која се прости од својата пријателка Сара Пројковска, која почина заедно со останатите членови на бендот.

Гочева на Инстаграм се прости од Сара со која пред повеќе од десет години ја претставуваше Македонија на Евровизија.

За потсетување, синоќа страотен пожар избувна во дискотеката во Кочани, при што загинаа 59 лица, а најмалку 155 се повредени.

Слични содржини