Карпош за „Енергија близу нула“

од Берта Китинска
237 прегледи

Општина Карпош која активно работи на полето на енергетската ефикасност, го промовираше сопственото искуство преку мерките и стимулациите кои ги применува во оваа област.

– Преку своите претставници од Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Љупчо Димов и Марина Филипоска, Општината настапи со сопствена презентација на настанот на тема „Добра практика на енергетски ефикасна градба на приватна болница во општина Карпош“. Имено, локалната самоуправа учествуваше на Меѓународната конференција „Towards nearly zero energy hospitals” која  деновиве се одржа во рамки на проектот „ZenHBalkan – Болници на Балканот со енергија близу нула”.

На конференцијата беа прикажани повеќе искуства од изградба на енергетско ефикасни болници во Грција, Бугарија, Република Северна Македонија, Албанија и Кипар, (кои воедно се и земји-партнери во проектот), а членовите на извршниот персонал и експерти од партнерските организации ги презентираа реализираните активности и резултатите од проектот ЗенХ – Балкан.

Проектот е поддржан од Европската Унија преку програмата Balkan-Mediterranean, а партнери во него се – Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција, ЦеПроСАРД, Северна Македонија, АЛБАФОРЕСТ, Албанија, Софија енергетски центар ДОО, Бугарија и Институт Кипар, Кипар, соопштија од општина Карпош.

Слични содржини