Картонскиот син на Сузан

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Кога Далтон Рос почнал да студира на Белмонт Универзитетот во Лондон знаел дека ќе му недостасува на своето семејство, па така се сетил на својата мајка Сузан да и испрати картонска верзија од себе во природна големина.

Сепак, ова се покажало дека не била најдобра идеја, бидејќи и неговата мајка, исто така, има добра смисла за хумор.

– Сакав на своето семејство да му испратам картонска верзија од себе, па мислев дека можеби би можеле да ја стават во некој агол во собата за да не заборават дека постојам, рече Далтон.

Сепак, неговата мајка имала други планови. Таа одлучи картонот да го носи со себе на сите семејни собири, спортски случувања, па дури и на велигденската забава, фотографирајќи ги сите овие настани.

Фотографиите му ги испратила на синот и воедно ги објавила на социјалната мрежа Имгур.