Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами информира дека денеска во просториите на општина Тетово остварил многу конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија во РСМ, Дејвид Гир, со кого разговарале за многу конкретни прашања кои се во интерес на граѓаните на Тетово.
-Ние во соработка со Европската Унија сме во фаза на реализација на многу проекти почнувајќи од инфраструктурата, подобрување на условите за живот на граѓаните, создавање повеќе зелени површини, намалување на аерозагадувањето, поздрава животна средина преку изградба на пречистителни станици за отпадни води, енергетско ефикасни фасади и многу други проекти кои се во интерес на граѓаните.
Го уверив евроамбасадорот Гир, дека ние заедно со општинската администрација ќе работиме да ја донесеме ЕУ во Тетово, преку проект “Europian house”. Од друга страна, евроамбасадорот ја потврди поддршката на ЕУ за општина Тетово во реализација на разни проекти, за позелено Тетово,без загадување и со нова инфраструктура, појасни Касами.