Во иднина при градба во Тетово ќе се почитуваат стандардите за градба со предвидена зелена површина и места за рекреација, кажаКандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на Движењето Беса, Билал Касами.
– Нема да дозволиме дивоградби – целата урбанистичка политика ќе се фокусира на проширување на урбаните средини, а не на задушување на постоечките. Детален урбанистички план за Попова Шапка, Мала Речица и повеќе градски населби. Ќе се посветиме на отворање на три булевари како главна артерија на градот Центар – „Илинден”, продолжување на булеварот „Благоја Тоска” и булевар „Видое Смилевски-Бато”, истакна Касами.