Касами: Тетово и тетовци бараат промени

од Берта Китинска
246 прегледи

Ова е победничкиот марш кој не обединува сите без разлика на партиската, етничка, верска и друга различност. Со оваа активности ги заокружуваме двонеделните активности за вториот изборен круг кои покажаа дека имаме најсериозна понуда за разлика од актуелното промашено раководство на Општина Тетово предводено од Теута Арифи, истакна лидерот на движењето Беса на маршот низ Тетово, Билал Касами.

Тој додаде дека програмата и заложбите за менување на Теута се прифатени од граѓаните на Тетови, кои најдобро знаат да ја направат разликата.

-Како епилог на целата нашата активност се создаде заеднички заклучок дека во Тетово промените мора да станат реалност бидејќи Тетово и тетовци бараат промени. Затоа маршираме за победа затоа што Тетово обединува, вели Билал Касами.

Тој потенцираше дека нивниот опсег се заснова на принципите на добро управување и одржлив општински развој со намера да се достигнат неколку стратешки цели.